Јапонците останаа без првиот голман на три дена пред СП

Јапонскиот селектор Дагур Сигурдсон се соочи со огромен проблем на само три дена пред премиерниот настап на СП против селекцијата на Македонија, откако „самураите“ останаа без помошта на својот прв голман Ријосуке Сасаки за овој ракометен Мундијал.

Тој беше дел од јапонскиот состав на последните контролни натпревари, но по заработената повреда донесена е одлука Сасаки да биде тргнат од списокот на играчи за групната фаза во Минхен. На негово место дополнително повикан е Макото Сакаи, кој исто како и Сасаки настапува за екипата на Госеи.

Останува да се види колку македонските ракометари в петок ќе бидат во можност да го искористат отсуството на значајниот јапонски адут, за нашата национална селекција со триумф да го стартува својот настап на СП 2019 во Германија и во Данска.

Се вчитува...