Победничкиот старт на домаќините на 26.Светско ракометно првенство на првиот ден од Мундијалот го комплетира репрезентацијата на Данска која беше апсолутно надмочна во дуелот во Копенхаген против Чиле со 39-16.
Разликата во квалитет беше толку голема во овој дуел што Данците уште во првата четвртина стигнаа до двоцифрена предност. Како куриозитет на овој меч, но и на ова СП ќе остане забележана неверојатната серија на Данците од 14-0 и водствотото по првото полувреме со 22-4!
Репрезентацијата на Чиле беше комплетно прегазена во овој дуел. Чилеанците во втората четвртина не успеаја да постигнат ниеден погодок. Дури 42 минуити игра им беа потребни на репрезентативците на Чиле да стигнат до двоцифрен број голови против првиот фаворит во групата кога намалија на 28-10.
На стартот од последната четвртина избраниците на селекторот Николај Јакобсен веќе беа на +20 (31-11) и до крај повеќе рутински го доиграа првиот натпревар на Мундијалот во групата Ц во која се уште и селекциите на Норвешка, Австрија, Тунис и на Саудиска Арабија.
Каспер Мортенсен постигна осум, а Микел Хансен додаде седум гола во победата на Данска. Салинас со четири гола беше најефикасен во составот на Чиле.
Во првиот натпревар бна денешниот прв ден ан СП, Германија ја победи Кореја (30-19), а утре на прогармата на СП се преостанатите натпревари од првото коло во првата фаза. По три натпревари ќе се играат во групата Б во Минхен и во групата Д во Копенхаген и по два во групата А во Берлин и во групата Ц во Хернинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА