Дибиров во последната минута донесе бод за Русија против Србија

Репрезентациите на Србија и Русија ремизираа (30-30) во првото коло од Групата А на Светското првенство кое се игра во Германија и во Данска.

Крајно израмнет натпревар одиграа двете селекции со разменување на водствата во текот на 60 минути, иако Србите на крајот се тие кои може да жалат по победата. Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров на една минута пред го израмни резултатот за конечни 30-30, а Србите имаа и напад за победа но не успеа да реализира Кукиќ.

Во последниот натпревар од оваа група вечерва од 20:30 часот играат Франција и Бразил.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...