Надал рутински до осминафиналето на Австралија опен

Еден од најдобрите светски тенисер Рафаел Надал сосема очекувано обезбеди рутински пласман во четвртата рунда натпревари на Австралија опен.

Надал во третото коло во три сета, со 6-1, 6-2, 6-4, за нешто повеќе од два часа славеше против Австралиецот Алекс Де Минаур.

Во осминафиналето во Мелбурн, Надал ќе игра против Томаш Бердих кој го елиминираше Аргентинецот Шварцман.

Се вчитува...