Гркот Стефанос Циципас го приреди досега најголемото изненадување на Австралија опен во Мелбурн, елиминирајќи го во осминафиналето третиот носител Роџер Федерер.
Грчкиот тенисер успеа да слави во четири меча, добивајќи го мечот со 7-6,6-7,5-7,6-7.
Ова е најголемиот успех во кариерата за Циципас, кој е 15-ти носители во Мелбурн, во само седмиот грандслем турнир. За Федерер, пак, дефинитивно следи голем пад на АТП листата со оглед на тоа што минатата година го освои турнирот во Мелбурн.
Претходно елиминација доживеа и седмиот носител Хрватот Марин Чилиќ кој во пет сета и голема драма загуби од Шпанецот Баутиста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА