Почина легендарниот Мати Никенен

Четирикратниот олимписки шампион, финскиот ски-скокач, Мати Никенен почина на 55-годишна возраст. Нема детали за причините за смртта, но легендарниот Финец по завршувањето на кариерата имаше проблеми со алкохолизам.

Никенен, Светскиот куп во кој дебитираше во 1981 година го освои четирипати што е рекорд кој успеал да го повтори само уште Адам Малиш. Финецот има пет златни медали од Светските првенства, а двапати триумфираше и на турнејата „Четири скокалници“. Вкупно има 46 победи во кариерата што го става на второто место на вечната листа.

Се вчитува...