Во новиот Супербоул триумф на Њу Ингланд Петриотс блескавите светла на светското внимание во најголем дел беа насочени кон Том Брејди и тренерот Бил Беличек и во најголем дел тоа е заслужено со оглед на рекордниот број титули кој ги има највозразниот тандем на тренер-квотербек во историјата.
Сепак успехот на Петриотс го донесе Џулијан Еделман. Фаќачот на Њу Ингланд беше недофатлив за одбраната на Лос Анџелс Рам и заслужено го понесе признанието за најкорисен играч на финалната пресметка. Тој беше едниствениот кој функционираше во нападот на старо-новиоте шампиони во натпреварот во кој доминираа одбраните.
Кариерата на Еделман почна скромно и тивко. Беше избран од Петриотс во 2009 година во седмата рунда како 27 пик на драфтот. Тогаш се соочуваше со критики и потсмев и му беше предвидувано дека нема шанси да успее во светот на американскиот фудбал. Во 2013 стана стартер на екипата. Поради повреда ја пропушти целата мината сезона, а оваа ја почна со четири меча суспензија поради непавилно корситење стимуалтивни сретства.
На овој натпревар Еделман стана вториот најуспешен фаќач во разигрувањето по Џери Рајс, а тој е само седмиот играч на оваа позиција кој ја освоил МВП награта на Супербоул.
10 catches. 141 yards. Julian Edelman is #SuperBowl MVP. pic.twitter.com/4wt2RPOQDc
— TSN (@TSN_Sports) February 4, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА