Федерер им се враќа на турнирите на земја, ќе игра во Мадрид

Роџер Федерер по четири години се враќа на земјениот турнир во Мадрид, објавија организаторите. Швајцарецот има три трофеи од овој турнир, од 2006, 2009 и од 2012 година. Тој две години ја пропушташе сезоната на земјени турнири, но по раната елиминација од Австралија Опен најави дека ќе се врати на подлогата која најмалку му одговара.

„Федерер е еден од најдобрите играчи во историјата. Среќни сме што се враќа во Мадрид и тоа е подарок за турнирот. Нашата публика ќе има можност да ужива во настапот на овој уникатен тенисер“ – вели директорот на турнирот, Фелицијано Лопез.

Федерер има 11 титули од турнирите на земја, меѓу кои и шест трофеи на турнирите од Мастерс 1000 серијата како и пехар од Ролан Гарос во 2009 година. Во Мадрид се очекува да играат и двајцата најдобри во моментов, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Турнирот ќе се одржи на почетокот на мај.

 

 

Се вчитува...