Петрески е нов спортски директор на прилепска Победа

Поранешниот фудбалер на ФК Победа, Христијан Петрески е назначен за нов спортски директор на прилепскиот прволигаш, информираат официјално од клубот.

Со одлука на Бордот на директори на Победа, Петрески доаѓа на испразнетото место спортски директор во клубот. Тој досега ја извршуваше функцијата технички секретар во ФК Победа.

Петрески е дете на Победа, ги минал сите клупски категории од пионерска до сениорска конкуренција, а беше и капитен на прилепските црвено-бели.

Како што е познато, Победа во моментов е и без претседателот на клубот по оставката пред три дена на Небојша Стојковиќ.

Се вчитува...