Швајцарската квалификантка Стефани Фогеле направи големо изненадување со елиминацијата на четвртата светска тенисерка Слоун Стивенс, во второто коло на турнирот во Индијан Велс. Таа славеше лесно и убедливо со 2-0 во сетови (6-3, 6-0). Фогеле ја збриша шампионката на УС Опен од 2017 година за неполн час игра.
Стивенс имаше дури 32 неизнудени грешки и тоа беше клучот за нејзиниот пораз. Интересно, Фогеле поведе со 4-1 во победи во меѓусебните дуели.
„Тешко е да се справиш со противничка со која не ти одело добро и во минатото. Јас едноставно не играв добро“, изјави Слоун Стивенс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА