Шкупи го совлада актуелниот шампион Шкендија со 1-0 и се искачи на четвртата позиција на табелата во Првата лига. Стрелец на единствениот гол беше Муарем Бајрами од пенал во 30.минута на натпреварот, откако Сержињо беше соборен во казнениот простор на гостите.

Вардар одигра без голови против Беласица на гости во Струмица. Џонов имаше убава можност за домаќините, Фелипе за Вардар, но на стадионот „Младост“ не се тресеа мрежите во текот на целиот натпревар. Во 64.минута, Лира беше на прагот на погодок, но Маслаќ спаси од самата гол – линија.

Академија Пандев оствари голем триумф (1-2) на арената „Филип Втори“ против Работнички во еден од директните дуели за освојување на третото место на табелата. „Пандевци“ се зацврстија на оваа позиција, а стрелец на првиот гол беше Љупчо Дориев од пенал во 45.минута од средбата. Претходно, Милован Петровиќ играше со рака во шеснаесетникот на „романтичарите“.

Оливер Пеев во 50.минута ја погоди гредата со удар од далечина, убава шанса имаше и Петар Петковски, но Чубраковиќ спаси израмнување. Чуварот на мрежата на гостите беше фантастичен, а во финишот Даниел Миловановиќ постигна втор гол и го потврди триумфот на Академија Пандев. Жунињо Кабрал во петтата минута од продолжението постигна почесен гол за „романтичарите“.
Силекс ја совлада Победа со 1-0, и повторно со гол од пенал. Дарко Алексовски во 65.минута со удар од белата точка донесе важни три бода за кратовци.
Ренова и Македонија ЃП ремизираа без голови, а најзаслужен за бодот на домашните е голманот Ѓуриќ. Тој во 49.минута успеа да одбрани пенал, скротувајќи го шутот на искусниот Боби Божиновски.
ПРВА ЛИГА, 22.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
БЕЛАСИЦА – ВАРДАР 0-0
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-2
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-0
СИЛЕКС – ПОБЕДА 1-0
РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
Табела: Шкендија 47, Академија Пандев 39, Вардар 39, Шкупи 33, Работнички 31, Ренова 27, Силекс 24, Македонија ЃП 23, Беласица 19, Победа 18.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

