Доминик Тим преку Роџер Федерер го освои Индијан Велс

Доминик Тим го запре победничкиот поход на Роџер Федерер кон рекордна шеста титула на Мастерсот во Индијан Велс победувајќи го во финалето на турнирот во Калифорнија со 2-1 во сетови. За Австриецот ова беше прва титула во третото финале на Мастерс турнирите.

Тим го надмина тоа што го загуби воведниотсет ос 3-6, го доби вториот со 6-3, ја одведе пресметката во решавачки трети сет кој го доби со 7-5. Тој се пробива на четвртата позиција на АТП листата.

Роџер Федерер и минатата година бепе поразен во финалето на овој турнир, останува на петте трофеи, а за 101 титула во кариерата ќе почека до следната шанса. До 100 трофеи стигна минатата седмица со триумфот во Дубаи. Федерер од денеска е петти на светскиот ранкинг.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...