Осумкратната освојувачка на титулата на Мастерсот во Мајами, Серена Вилијамс се повлече од турнирот поради повреда на коленото. Таа требаше да се сретне со Кинеската Ванг Кванг во мечот од третото коло, но соопшти дека нема да го заврши турнирот.
Победата над Ребека Петрсон во втората рунда беше само седмиот одигран дуел за Серена во 2019 година. Првата титула во Мајами, Вилијамс ја освои во 2002 година. Претходно, во Индијан Велс, Серена се повлече поради вирус.
Водечката на ВТА листата, Јапонката Наоми Осака доживеа изненадувачки пораз во мечот од третото коло со 2-1 во сетови од Тајванката Хсие Су-веи. Втората тенисерка во светот, Петра Квитова се намачи и дури по два часа и три сета ја победи Дона Векич во мечот од третото коло. Во следната фаза ќе се сретне Каролине Гарсија.
Не запира походот на кандаската сензација, Бјанка Андреску. Се пласираше во осминафиналето во Мајми откако во дуелот од третото коло ја победи Анжелик Кербер во три сета идентичко како што славеше против Германката за титулата во Индијан Велс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА