На поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Огњен Врањеш по скадалот со Јелена Карлеуша се му тргна наопаку. Тој бил уапсен во Белгија, а ноќта ја поминал во центар за мигранти. Полицијата го привела на аеродромот во Шарлоа, а по пријавата на сопственикот на станот во кој живеел во Брисел.
Поради серијата настани надвор од теренот, Андерлехт го дистанцираше Врањеш, а му го прекина договрот за плаќање на станот во белгискиот главен град. Врањеш на полицијата и тврдел дека е играч на Андерлехт, но немал никаков документ да го потврди тоа. Бидејќи му била истечена и дозволата за престој, полицијата го спровела во центарот за азиланти.
Во текот на ноќта во белгиската полиција пристигнале потребните документи па Врањеш добил дозвола за пристап на белгиска територија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА