Кирјос: Загубив затоа што се досадував

Австралискиот тенисер Ник Кирјос изјави дека губењето на концентрација во вториот сет го чинеше пораз од Борна Чориќ на Мастерсот во Мајами. Хрватот контроверзниот Австралиец го победи со 2-1 по сетови 4-6, 6-3 и 6-2 за еден час и педесет и осум минути игра.

„Без сомневање ова е тежок пораз. Борна играше паметно, беше подобар во клучните моменти. Јас во другиот сет изгубив концентрација. Чувствував дека ми станува здодевно, и затоа лесно губев поени. Ми останува да му честитам на Борна, тој е еден од најдобрите млади тенисери“, изјави Кирјос. 

23-годишниот Австралиец вниманието во Мајами го сврте на себе со непримерно однесување на теренот, бидејќи се караше со судијата и со еден навивач.

Се вчитува...