Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер вели дека тенисот е меѓу најпопуларните спортови и нема да има пад на квалитетот по неговото повлекување и откажувањето на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, иако еден период ќе има вакуум во кој тениските фанови ќе бараат нови идоли.
„Кога сите тројца ќе се повлечеме, нашите фанови ќе се најдат во вакуум. За нив ништо нема да биде исто, но ќе се појават нови ѕвезди. Има четири гре- слема годишно, има завршен мастерс, има големи турнири. Некој мора да ги освои. Тенисот е меѓу најпопуларните спортови, ја сум оптимист околу иднината“, вели Федерер.
По елиминацијата на Ѓоковиќ и откажувањето на Надал, Федерер е најголем фаворит за освојувањето на трофејот во Мајами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА