Федерер: Сакам да играм против тинејџери

Швајцарескиот тенисер Роџер Федерер вели дека се радува на мечот со младиот канадски тенисер Денис Шаповалов во полуфиналето на Мастерсот во Мајами. Федерер 65 пат во кариерата ќе игра полуфинале на Мастерс турнир, а седми пат во Мајами.

„Мислам дека не е ништо различно од тоа кога играв со Рафа кога беше тинејџер. Необично е кога играте со толку млади тенисери, бидејќи тие се уште не ги знаат сите удари, но и не мораат бидејќи се слободни да играат како сакаат. Тоа е тоа што ги прави опасни. Секогаш сакам да играм против млади тенисери. Возбудливо е“, вели Федерер. 

Швајцарецот во кариерата три пати го освојуваше Мастерсот во Мајами, а полуфиналниот меч против Денис Шаповалов на програмата вечерва на полноќ.

Се вчитува...