Тече пријавувањето за авантуристичката тура „Пехчево на точак 2019“

По втор пат во организација на ХОТЕЛ ГОГОВ, а со поддршка од општина Пехчево, на 18. мај ќе се одржи спортската манифестација „Пехчево на точак 2019“.

„Организацијата на настанот повторно е со истата цел, да го разбудиме авантуристичкиот дух, да поттикнеме дружење, создавање нови пријателства, да ги истражиме и доживееме убавините на пехчевската природа и малешевијата!“ – велат организаторите.

Стартот на оваа авантуристичка тура е закажан за 18. мај од 9 часот од плоштадот во Пехчево од 1000 метри надморска височина. За секој учесник ќе биде обезбедено сендвич, вода, овошје, енергетски пијалок, магнезиум, десерт и маица за возењето на турата, а на ЦЕЛТА (исто така на плоштадот на центарот во Пехчево), ќе има коктел забава со музика во живо.

Како што информираат од организацискиот одбор може да учествува секое полнолетно лице кое се чувствува физички подготвено за повеќечасовно возење велосипед по планински терен, да има соодветна опрема.

Велосипедската патека е 26 км и може да ја погледнете на следниот линк:
https://www.wikiloc.com/outdoor-trails/pekhchevonatochak-2019-35123575

Секој учесник во турата, вози на сопствена одговорност, според своите можности и е лично одговорен за евентуалните несакани последици, а секој што отстапува од предвидената патека за возење, тоа го прави на сопствен ризик и одговорност.

Патните трошоци до стартот на турата се на товар на учесниците. Останатото е обезбедено од хотел Гогов, општина Пехчево и останатите спонзори на настанот. Организаторите го задржуваат правото за измени на турата, предизвикани од објективни новонастанати фактори.

Пријавувањето е најкасно до 10. мај на следните телефонски броеви: 078/441-437 (Душко) или 078/416-950 (Антонио).

Се вчитува...