Најпознатиот голфер во светот Тајгер Вудс, следната седмица во Вашингтон, ќе биде одликуван од претседателот на САД, Доналд Трамп. Вудс на 6. мај во „Белата куќа“ ќе ја добие медалјата на слободата, што е најголемо одличје кое може да го добие цивил во САД.
Трамп пред неколку месеци на Твитер најави дека наградата годинава ќе му биде врачена на познатиот голфер. Претседателската медалја е одличје кое се доделува од 1963 година. Идеја за доделување на медалот беше на тогашниот претседател Џон Кенеди, а одредена беше да се дава на „поединците кои на неверојатен начин допринеле за безбедност или национални интереси на САД, мир во светот, културниот или на некој друг јавен или приватен допринос ја задолжил јавноста“.
Вудс ќе стане четвртиот голфер кој ја добил наградата. Пред него одликувани биле и Џек Никлаус, Арнолд Палмер и Чарли Сифорд. Наградта ја имаат добиено и легендарниот Мајкл Џордан, како и тенисерката и Били Џин Кинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА