Од денеска па до 2. јуни во Галати, Романија ќе се одржи кадетското Европско првенство во бокс. Македонија ќе настапи со еден боксер, Ардијан Аземи, во категоријата до 81 килограм.
Аземи имаше извонреден настап на силниот меѓународен турнир „Емил Жечев “ во Бугарија каде освои златен медал и претставува голема надеж на македонскиот бокс.
Противникот на Аземи ќе биде познат денеска по официјалните мерења и ждрепката. Во делегацијата на репрезентацијата на Македонија се и тренерите, Петре Чулриновски, Насер Харуни и Васко Цубалевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА