Рафаел Надал сигурно ја започна одбраната на титулата на вториот Грен-слем во сезоната, Ролан Гарос, откако во првото коло го совлада германскиот квалификант Јаник Ханфман со убедливи 3-0, по сетови 6-2, 6-1 и 6-3.
Неизвесен во мечот беше само првиот гем, во кој германскиот тенисер не успеа да искористи две бреј топки. Во продолжението популараниот Рафа заигра на своето ниво за убедлива победа и пласман во второто коло. Во втората рунда Шпанецот ќе игра против подобриот од мечот меѓу Јаник Маден од Германија и Белгиеецот Кимер Коопејанс.
Денеска првиот меч на турнирот ќе го има и првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ, кој се среќава со Убер Хуркач од Унгарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА