Ѓорческа го освои трофејот во Есен

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се враќа во посакуваната форма. Таа го освои турнирот во Есен. Триумфираше во игра на двојки во тандем со руската тенисерка Анастасија Комардина.

Ѓорческа и Комардина во финалето славеа над првите носителки Фомина/Зарицка со 6-3, 6-3. Тие во текот на целиот турнир не загубија ниту еден сет и заслужено дојдоа до трофејот.

 

Се вчитува...