Инфантино не го пушта Бобан: Ќе го врзам за Ајфеловата кула, не смее да оди во Милан

Џани Инфатино беше реизбран за претседател на ФИФА, но се соочува со нови проблеми откако неговиот потпретседател Ахмад Ахмад беше уапсен под обвинение за корупција. Воедно, „десната рака“ на Инфантино, Звонимир Бобан, сериозно размислува да ја прифати директорската функција во Милан, но Инфантино јасно става до знаење дека планира да стори се што е во негова моќ за да го задржи Хрватот во ФИФА.

Бобан оди во Милан? Нема шанси – ако треба со ланци ќе го заврзам за Ајфеловата кула, но тој нема да си отиде од ФИФА“ – истакна Инфантино.

Паоло Малдини ќе добие далеку поголеми овластувања во раководството на Милан почнувајќи од летово, а прва желба на легендарниот дефанзивец е да го доведе Бобан како член на управата на „росонерите“. Хрватот покажа првичен интерес за враќање во клубот каде мина прекрасен период како играч, но останува да се види дали Инфантино ќе успее да го убеди да остане крај него во ФИФА.

Се вчитува...