Тим подобар во маратонот од Ѓоковиќ, закажа финале со Надал

Австрискиот тенисер Доминик Тим ќе игра во финалето на Ролан Гарос и ќе го предизвика Рафаел Надал, откако го доби маратонскиот меч против првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ со 3-2 во сетови. Дуелот што беше прекинуван поради дожд, конечно доби разрешница, а славеше Тим кој имаше повеќе нерви и сили да истрае во големата битка.

Тим го доби првиот сет со 6-2, но Ѓоковиќ возврати во вториот славејќи со 6-3 во гемови. Тим беше поуспешен во третиот со 7-5, идентично четвртиот му припадна на Србинот, а маратонскиот меч продолжи во петти сет. Тим поведе со 4-1 во гемови, Ѓоковиќ израмни на 5-5, но потоа Австриецот го зададе конечниот удар и славеше со 7-5, за голем триумф над најдоброрангираниот светски тенисер.

 

Се вчитува...