Ракометната репрезентација на Исланд извлече реми на гостувањето во Грција играјќи 28-28 во Кожани. Нашиот противник во последното коло имаше речиси сигурна победа, водеше со 28-26 на дваесетина секунди пред крајот, меѓутоа Исланд успеа со два брзи погодоци да избегне пораз и сега има бод помалку од Македонија пред завршните квалификациски натпревари. Македонија в недела ја пречекува Грција во Струмица и со триумф ќе го освои првото место во групата, додека Исланд ќе биде домаќин на Турција.
Грците имаа негатива од три гола на полувремето (12-15), но вториот дел го одиграа одлично и во самиот финиш испуштија победа против Исланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА