Српскиот репрезентативец Никола Зечевиќ е најновото засилување на ГРК Охрид.
Зечевиќ потпиша договор со охриѓани до јуни 2028 година, со можност за продолжување на истиот.
Игра на позицијата лев бек, има 24 години (200 cm) и ќе го носи дресот со бр.31 од следната сезона.
Доаѓа од шампионот на Србија, РК Партизан каде што игра одлична улога и во двата правци и заслужено ја носеше капитенската лента во овој тим. Со своите одлични игри се наметнува во првите 16 за националниот тим на Србија каде што има повеќе репрезентативни настапи.
„Многу сум среќен и со нетрпение го очекувам мојот прв настап во дресот на Охрид. Не ми беше тешко да ја донесам оваа одлука и да ставам потпис со клубот, со оглед на големите амбиции на клубот кој расте од ден на ден на чело со тренерот Ројевиќ, кого го познавам долги години. Едвај чекам да заиграм пред охридската публика која прави неверојатна атмосфера и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата на сите луѓе во клубот и секако на навивачите и убеден сум дека заедно ќе ги исполниме зацртаните цели“ – изјави Никола Зечевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
