Стартот на Ерик Гарсија врз Џуд Белингам предизвика бура од реакции на преносот во живо на ТВ Реал Мадрид од Ел Класико, во кој Барселона стана шампион на Шпанија. Откако англискиот фудбалер беше оставен да лежи на тревникот по дуелот, коментаторите на официјалниот клупски канал оценија дека ситуацијата мора подетално да им се прикаже на гледачите и го изразија своето незадоволство бидејќи, според нив, немало доволно повторени снимки од спорниот момент.
Од телевизијата Реал Мадрид изјавија дека начинот на кој се спроведуваат преносите на натпреварите во шпанската лига е срамен, а како најголем проблем го посочија недостатокот на повторени снимки.
„Шпанската лига не е сериозна. Тоа е само лига на Тебас, лига на Негриера. Тоа е циркус и фарса. Ова е ужасно“, рекоа тие.
Хавиер Тебас е претседател на Шпанската фудбалска федерација, а Хозе Марија Енрикез Негреира е поранешен потпретседател на Шпанскиот технички комитет на судии кој беше фатен во скандалот во кој Барселона им плаќаше на компании во негова сопственост.
Тие тврдат дека во контроверзни ситуации, на штета на Реал Мадрид, не се прикажуваат сите агли често.
„Кога имаше контроверзни ситуации, гледавме одлични панорамски снимки кога Реал Мадрид беше тимот против кој беше направен прекршок. А сега, повторно, преносот е прекинат во моментот на клучен прекршок“, додадоа тие.
Судијата и ВАР беа остро критикувани
Тие нагласија дека, според нив, на гледачите им е одбиено јасно видео од инцидентот.
„Можеше да биде црвен картон за Дани Олмо. На гледачот му е одбиено повторено видео од нешто што едноставно се случило. Ако не сме го виделе претходно, никогаш повеќе нема да го видиме, исто како и многу други работи, на пример кога не сакаа да го прикажат Мбапе како крвари.“
„ВАР не реагира на неправда“
Коментаторите заклучија дека ова е уште еден пример за неактивноста на ВАР, која, како што тврдат, не ги исправа можните неправди.
„Ако ова се смета за дел од играта, тогаш сè може да се смета за дел од играта. Секој што играл фудбал знае дека Ерик Гарсија го прави тоа намерно.“
На крајот, тие се осврнаа на Хавиер Тебас, кој, како што велат, бил во церемонијалната ложа.
„Тебас бил во ВИП ложата и мора да бидеме многу внимателни бидејќи тој одлучува кои снимки да се прикажат, а кои не, што колегите мора да прашаат во преносите, што можат да кажат, а што не“, заклучија на телевизијата Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
