Данило Брестовац ја оствари зацртаната цел при своето доаѓање на кормилото на македонската репрезентација, да стигне до билет за ЕП 2020 и да го одржи континуитетот на настапи на нашиот национален тим на големите натпреварувања.
„Генереално гледано, задоволен сум од резултатите бидејќи она што беше најважно е остварено, и тоа едно коло пред крајот на квалификациите. Две победи и едно реми на првите три средби, обезбедено учество на ЕВРО 2020, а воедно и постепено внесување на помладите ракометари во репрезентацијата. Она што мене особено ме радува е што остваруваме резултати и во ситуација кога не играме најдобро. Најважно од се е е да се поседува победнички карактер, да се најде начин да се победи и кога се имаат проблеми. Тоа е одлика на големите репрезентации, а го покажуваме и ние, не само на вчерашниот меч со Турција, туку и на претходниот дуел со Исланд“ – истакна Брестовац.
Македонскиот селектор се осврна и на вчерашниот дуел со Грција, на кој „црвено-жолтите“ си го осигураа пласманот на ЕП 2020.
„Ако говориме за играта, на сите ни е јасно дека можевме многу подобро. Сепак, мора да се земат во предвид сите проблеми со кои се соочивме. Почна со повредата на Манасков, Стоилов играше повреден, а играта во одбрана дополнително ни се наруши со повредите на Маркоски и на Кукоски во текот на натпреварот. Токму затоа сакам да им честитам на моите ракометари, за начинот на кој одговорија на сите предизвици, се вратија од „минус четири“ и на крајот заслужено стигнаа до победата“ – изјави македонскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА