Релаксација пред Грција: Ракометарите во посета на водопадите во Колешино (ФОТО)

Македонија повторно ќе игра домашен натпревар од квалификациите надвор од Скопје, а нашите ракометари го искористија доброто време за кратка прошетка до Колешинските водопади, едно од најубавите места во струмичкиот регион.

„Црвено-жолтите“ попладнево ќе го одржат и последниот тренинг пред утрешниот натпревар со Грција, што ќе стартува во 18 часот во салата „Парк“.

Дилеми околу максималната посветеност и мотивација нема – избраниците на селекторот Брестовац се решени со победа да го запечатат првото место на табелата, воедно и да им се одмаздат на Грците за поразот во Кожани претрпен минатата година.

Се вчитува...