Поранешниот тенисер број еден во светот и трикртен грен-слем титулар, Енди Мареј спротивно на најавите и очекувањата сепак ќе му се врати на „белиот спорт“. По тешката операција на колкот, тој ќе биде дел од турнирот во двојки на Квинс Парк во Лондон кој почнува денеска.
Партнер му е Фелицијано Лопез, а ваквите настапи треба да бидат подготовка за вистинското враќање, во сингл, планирно за до крајот од оваа година. Ждрепката за турнирот во двојки привлече невообичаено големо внимание со оглед дека тандемот Мареј/Лопез во првто коло го доби најдоброт дуо, Хуан Себастијан Кабал и Роберт Фара. За да си го тестира телото по тешката операција. Мареј се пријави и за турнирот во Истбурн.
Енди Мареј во ноември 2016 години беше на првата позиција на АТП листата, поради повредата и долгото отсуство, во мометов е на 215. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА