Поранешниот 12. тенисер на светот обвинет за местење натпревари

Шпанскиот тенисер Фелисијано Лопез е обвинет дека заедно со неговиот партнер Марк Лопез, наместиле натпревар во дубл на Вимблдон 2017. година. Како што пишуваат шпанските медиуми, Фелисијано и Марк Лопез се под истрага поради поразот од Австралијците Џон-Патрик Смит и Мет Рид во првото коло на неофицијалното светско првенство.

Главна улога во скандалот за местење на спортски натпревари имаат поранешните фудбалери Раул Браво и Карлос Аранда, а полицијата наводно снимила нивни разговор како охрабруваат трето лице да се обложи на пораз на Фелисијано и Марк Лопез.

 

Се вчитува...