Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо нема да биде кривично гонет по обвинувањата за силување во Лас Вегас од неговата некогашна девојка Кетрин Мајорга (35). Таа го обвини фудбалерот за силување по заедничко дружење во ноќен клуб во Син Сити, Лас Вегас. Сепак, судот донесе одлука дека „наводите за сексуален напад против Кристијано Роналдо не можат да бидат докажани и покрај основаното сомневање“.
Кетрин Мајорга по една деценија одлучи да го обнови тужбеното барање против Кристијано Роналдо, иако претходно се спогодила да добие одреден финансиски надомест (375.000 американски долари) и да се откаже од таков акт. Таа тврди дека Португалецот ја силувал во хотел во Лас Вегас во 2009 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА