Лудило во Буенос Аирес, пристигна Даниеле де Роси (ВИДЕО)

Италијанскиот фудбалер Даниеле де Роси пристигна во Буенос Аирес да стави потпис за аргентинскиот гигант Бока Јуниорс. Легендата на Рома, одлучи да не прифати понуди од калчолигашите, се одлучи да ја прифати поканата на Николас Бурдисо да го облече дресот на аргентинскиот гигант Бока Јуниорс. Фановите на Бока направија лудо шоу уште на аеродромот.

Де Роси беше дел од Рома уште од младинските категории. Својот деби настап за првиот тим го имаше во 2001 година, а за „римската волчица“ настапи на 616 натпревари на кои постигна 43 гола.

 

Се вчитува...