Невообичаените животни навики на Роналдо: Тајната на неговата извонредна форма (ФОТО)

Кристијано Роналдо, и со 34 години, е во врвна форма упорно и упорно опстојувајќи како еден од најдобрите светски фудбалери. А, таков е, според многумина, и поради помалку невообичаените животни навики.

Португалската ѕвезда минува низ постојана диета, апсолутно внимавајќи каква храна и колку конзумира. Исто така, секогаш има до детали испланиран ден со тренинг и одмор. На менијата, јаде шестпати на ден, најчесто има лесни тестенини и пилешко месо, подготвени без масло и сол, а единствениот пијалок кој го конзумира е вода. Никогаш досега не вкусил од оние висококалорични јадења кои се најчесто на менито кај поголемиот дел од светските жители.

 

View this post on Instagram

 

Happy Sunday ?✌️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Тренинзите на Роналдо се испланирани до најмал детаљ. Петпати неделно има тренинг во теретана, а покрај тоа програм и за пилатес и пливање. Има свои лични тренери кои внимаваат да не се префорсира. Според неговата програма мора да спие најмалку осум часа на ден, притоа со легнување и станување секој ден во исто време. Исто така практикува попладневна дремка за која е докажано дека има бројни здравствени предности.

Спартанската дисциплина и тренинг со апсолутен режим во исхраната се клучот за формата на Кристијано. Па, навистина е се уште вистинско чудо на природата.

Се вчитува...