Македонската репрезентација вечерва за првпат тренираше во комплетен состав во пресрет на двомечот со селекцијата на Грузија, средби што ќе се играат утре и задутре во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Помладите имаа можност да се докажат против Турција и Италија, но во следните два дена повторно поголемиот дел од одговорноста ќе падне врз Лазаров, Манасков, Талески и останатите поискусни ракометари, кои од денеска се на располагање на селекторот Брестовац.
Кормиларот на националниот тим дополнително го повика Михаил Аларов, како награда за добрите игри на пивотот на Пролет на стартот од оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА