Македонија напредуваше за две места на најновата ФИФА листа

После двете победи во Лигата на Нации над Летонија и над Фарски Острови, македонската репрезентација забележа скок од две места на најновиот ранкинг на ФИФА.

Така Македонија сега од 69 позиција, се искачи на 67 место на ранкингот. Има 1368 поени на табелата, и најблиску е до Буркиина Фасо, Албанија и Јордан. Позади Македонија падна Грузија, но и Финска. Воедно, за Македонија ова е највисоката позиција на ФИФА листата во оваа година.

Македонија ги заврши натпреварите во Лигата на Нации со победи над Летонија и над Фарски Острови со по 1-0, а претходно ги победи и дуелите со Летонија и Ерменија на гости, како и со Ерменија на домашен терен. Одигра нерешено само со Фарски Острови во Лигата на Нации.

 

Се вчитува...