Суспендирана Ига Швјонтек поради допинг

Втората тенисерка во светот, Ига Швјонтек е суспендирана на еден месец поради допинг.

Агенцијата за заштита на интегритетот на тенисот објави дека Полјачката ја прифатила едномесечната суспензија откако беше позитивна на тестот за забранетата супстанција триметазидин (ТМЗ) за време на тестот во август оваа година.

Казната е ваква затоа што наводно Швјонтек немала намера да користи незаконски средства. Беше објавено дека Ига веќе била суспендирана во текот на септември и октомври кога не играла на азиската турнеја.

Во текот на оваа година Швјонтек го освои Ролан Гарос, додека во полуфиналето на Олимписките игри во Париз беше поразена од Кинеската Женг.

Се вчитува...