Македонскиот фудбал нема можност да се пофали многу со натпревари од ваков тип, каков што денеска ни сервираа Вардар и Шкендија на арената „Тодор Проески“ за крај на есенскиот дел од Првата македонска фудбалска лига.
Вистински амбиент, прекрасна атмосфера создадена од „Комитите“, иако и никако да ги заборават оние непотребни скандирања на национална основа кои очигледно долго ќе треба да ги трпиме на македонската спортска сцена…, и сето тоа дополнето со одличен фудбал на теренот, четири погодоци и неизвесност до крај. Факт е дека останува неизвесност и за шампионатот до крај затоа што Шкендија и денеска потврди дека нема така лесно да се откаже од битката за одбрана на трофејот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА