Тежок инцидент се случи вчера по натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Загреб и Нант. Во соблекувалната на хрватскиот шампион физички се пресметаа Милош Кос и Звонимир Срна, а двајцата беа суспендирани на неопределено време.
Клубот излезе со соопштение во кое потврдува дека Милош Кос и Звонимир Срна се отстранети од тимот и под суспензија до понатамошно известување.
„Дисциплинската комисија на Ракометниот клуб Загреб донесе одлука за привремена суспензија на ракометарите Милош Кос и Звонимир Срна поради физичкиот конфликт предизвикан од Кос по вчерашниот натпревар против Нант во Арената Загреб. Привремената суспензија останува во сила до завршување на постапката што ќе ја спроведе Дисциплинската комисија на Ракометниот клуб Загреб. Ракометниот клуб Загреб нема да толерира никакво непрофесионално однесување и целосно ќе соработува со Дисциплинската комисија за што поскоро расчистување на ситуацијата“, се наведува во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА