Кошаркарската Федерација на С. Македонија денеска го организира првиот мини-баскет фестивал, настан што од куќата на кошарката најавуваат дека ќе стане честа пракса во наредниот период.
Огромен број на деца се појавија денеска во СРЦ „Кале“, а натпреварите се играа на три мини-баскет терени, на мали кошеви. Натпреварите се играа во четири четвртини кои траат по осум минути, со семафор за мерење на време, без резултат, на лична грешка на шут, се шутира само едно слободно фрлање…
Според предвидениот проект, за сезоната 2019/2020 е планирано одржување на четири мини баскет турнири. Два од нив ќе се одржат во Скопје, а по еден во Источната односно Западната зона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА