Давитков се прости од Буштур: Беше и ќе останеш кошаркарска легенда

Поранешниот капитен и селектор на македонската репрезентација, Јорданчо Давитков, не ја крие тагата по смртта на легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски Буштур. Давитков е еден од ретките што имаа можност да играат крај Буштур, а потоа и да примаат совети од Георгиевски како селектор на националниот тим.

„Легендите не умираат, живеат засекогаш во нас. Ја имав честа заедно да играме во Работнички, од тебе да ја преземам капитенската лента. Ми беше селектор во репрезентацијата на Македонија. Беше и ќе бидеш засекогаш – легенда на македонската и југословенската кошарка. Почивај во мир и нека ти биде вечна слава Буштур“, порача Давитков преку својот фејсбук-профил.

Се вчитува...