Брајант не се плашел од пад на хеликоптер, договорот со сопругата бил од друга причина

Откако се случи кобната несреќа во која загина еден од најголемите кошаркари во светот, Коби Брајант, светските медиуми пишуваа за договорот меѓу него и сопругата Ванеса никогаш да не летаат заедно со хеликоптер. Иако се пишуваше дека договорот бил постигнат бидејќи кошаркарот се плашел од несреќа, извор близок до семејството вели дека тоа не е вистина.

„Постоеше договор, но не поради страв од несреќа. Тие сметаа дека тоа е најдобро за нивните ќерки. Коби беше посветен татко, семејството секогаш му беше на прво место. Еднаш поради големиот метеж во Лос Анџелес задоцни на училишната претстава на една од ќерките“, изјави пријател близок до семејството. 

Брајант почна да патува со хеликоптер, поради големиот метеж кој го има на улиците во Лос Анџелес.

 

Се вчитува...