Никогаш доста од Лука – Дончиќ ќе биде дел и од натпреварот на „млади ѕвезди„ на Ол-стар викендот

Лука Дончиќ очекувано е избран и за натпреварот на „млади ѕвезди“ на НБА Ол-стар викендот кој годинава ќе се одржи во Чикаго. Тој ќе го предводи тимот на Светот во кој покрај него ќе се наоѓаат и Канаѓаните, Најкел Александер Вокер, РЏ Берет, Брендон Кларк и Шон Гилџс Александер, Деандре Ејтон од Бахамите, Руи Хачимура од Јапонија, Украинецот Сви Микалик, Германецот Мориц Вагнер и Џош Окоги од Нигерија.

Тие ќе му се спротистават на тимот на САД кој ќе го предводат Тре Јанг и Зајон Вилијамсон, а покрај нив дел од Ол-стар мечот на млади ѕвезди ќе бидат и Мајлс Бриџис, Вендел Карте Џуниор, Девонте Грем, Тајлер Хиро, Џерен Џексон, Жа Морант, Кендрик Нан, Ерик Паскал и Пи-Џеј Вошингтон.

Ол стар викендот во Чикаго ќе се одржи во периодот од 14. до 16. февруари, а ќе биде во чест на Коби Брајант.

 

Се вчитува...