Се уште не стивнуваат реакциите по трагичната несреќа во која во неделата еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант го загуби својот живот. Тој заедно со својата 13-годишна ќерка, Џиана и уше седум лица трагично го загубив животот во хеликоптерска несреќа која се случи во Калифорнија. Клубот во кој ја помина цела кариера ЛА Лејкерс, вечерва против Портланд во „Стејплс центарот“ ќе го одигра првиот натпревар по трагичната несреќа, откако мечот против градскиот ривал ЛА Клиперс беше откажан. Цела сала е обоена во виолетово-златна боја, а на седиштата се поставени дресовите со број „8“ и „24“ кои ги носеше Коби во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА