Нова чест за Коби и Џиџи – Кошаркарите на „Ол стар“ ќе носат дресови со број „2“ и „24“

НБА лигата продолжува со оддавање почит на Коби Брајант и неговата ќерка Џана, кои минатата недела трагично го загубија животот во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. НБА најави дека Ол-стар викендот во Чикаго ќе биде во чест на Коби Брајант, а последната информација која доаѓа од САД е дека тимот на Леброн ќе го носи дресот со број „2“, кој го носеше малата Џиџи во нејзиниот тим, додека Јанис Адетокумбо ќе биде предводник на екипата која ќе го носи бројот „24“. Ол стар натпреварот во Чикаго ќе се одржи во периодот од 14. до 16. февруари.

Се вчитува...