Олстар-викендот што годинава се одржува во Чикаго вообичаено стартуваше со дуел меѓу „ѕвездите во подем“ од САД против оние кои настапуваат во НБА-лигата, но доаѓаат од други држави ширум светот.
Американците ја добија пресметката со „тимот на светот“, триумфирајќи со 151-131, меч што понуди бројни атрактивни акции за уживање на публиката. Мајлс Бриџис беше избран за МВП, прв кошаркар на Шарлот што некогаш стигнал до вакво признание, откако го заврши мечот со 20 поени, 5 асистенции и 3 украдени топки.
Ар-Џеј Берет беше најефикасен во „тимот на светот“ со 27 поени, додека Лука Дончиќ реализираше 16 поени, пет асистенции, два скока и една украдена топка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА