Крај на сезоната за Кајри Ирвинг

Ѕвездата на Бруклин Нетс Кајри Ирвинг поради повреда ќе го пропушти останатиот дел од сезоната во НБА лигата, потврдија од клубот. Ирвинг сезонава никако не успеа да поврзе повеќе натпревари, а да нема проблем со повреда. По деталните прегледи потврдено е дека Ирвинг ќе мора да оди на операција на рамото и дека шансите за негово враќање сезоната се сведени на минимум.

Ирвинг во досегашниот дел од сезоната веќе пропушти 26 натпревари поради проблеми со рамото, а од клубот одлучија дека подобро е сезонава да биде ризикувана како заедно со Кевин Дурант кој исто така ќе ја пропушти оваа година, следната да можат да ја нападнат титулата во НБА.

 

Се вчитува...