Официјално е. Никој веќе нема да го носи бројот три во Мајами откако клубот го крена дресот на Двеј Вејд меѓу легендарните во „American Airlines Arena“ на полувремето од дуелот до Кливленд. Двејн Вејд е само шестиот играч на Мајами чиј дрес е трајно повлечен. Им се приклучува на Крис Бош, Тим Хардвеј, Мајкл Џордан(Мајами го повлече неговиот број од почит иако никогаш не играл за клубот), Шекил О’ Нил и на Алонзо Морнинг.
„Коби велеше дека најважно е да се обидеме да ги инспирираме другите да бидат најдобри во тоа што го прават. Се надевам дека во инспирирав“ – реше Вејд меѓу другото во говорот по кревањето на дресот.
Вејд одигра 14 сезони за Мајами откако франшизата го селектираше во 2003 година како вкупно петти пик. Тој е статистички лидер кај Мајами во неколку важни категории вклучувајќи ги и одиграните минути, поените, асистенциите и украдените топки. Со Мајами освои три титули и 13 пати беше избиран за Ол-стар тимовите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА