Ѓоковиќ: Турнирот го стави Белград на светската тениска мапа (ВИДЕО)

Воведното издание на турнирот во Белград кој е дел од „Адрија турнејата“ предизвика огромно внимание во светската тениска јавност, а беше и исклучително успешен. Трофејот го освои Доминик Тим победувајќи го во финалето Филип Крајиновиќ, но целото внимание е насочено кон организаторот, Новак Ѓоковиќ.

Тој беше особено емотивен и во текот, но и по завршувањето на настанот бидејќи првпат во кариерата настапува во родниот град пред полни трибини со домашни навивачи. Ѓоковиќ вели дека со овој турнир, Белград станал дел од светските метрополи на тенисот.

„Овој турнир го крена еланот кај луѓето по паузата и сето она што се случуваше во државата, а ја стави и Србија на мапата на светот“ – изјави Ѓоковиќ.

 +

Се вчитува...