Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ изминативе денови е на постојан удар од светската спортска јавност поради организацијата на „Адрија Купот“ за време на пандемијата на коронавирусот. Турнирот доживеа фијаско откако беа потврдени позитивни на Ковид-19 неколку тенисери, меѓу кои и самиот Ѓоковиќ.
Веднаш откако беше потврдено дека е позитивен на коронавирусот, Ѓоковиќ испрати соопштение искажувајќи жалење за несаканата ситуација. Но, откако критиките на негова сметка не престанаа и потоа, се одлучи да испрати порака до критичарите цитирајќи го поранешниот српски патријарх Павле.
„Бродовите не тонат поради водата што ги опкружува, туку поради водата што влегува во нив. Не дозволувајте тоа што ве опкружува да влезе во вас и да ве повлече на дното“ – напиша Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА